Венко Филипче: Тие сите за нас, Ние сите за нив

Апелирам до сите граѓани – да ги заштитиме здравствените работници. Од нив зависи јавното здравје, од нив зависат нашите животи. Тие за сите нас, ние за сите нив.

❗Секогаш давајте точни одговори на епидемиолошките анкети – кои се вашите сиптоми, дали сте биле во контакт со лице од странство или лице заболено од КОВИД-19. Со лажни информации ги ставате во опасност здравствените работници кои се грижат за вас, но и вашите најблиски со кои секојдневно сте во контакт.

❗Носете заштитна опрема и држете растојание доколку се сомневате дека сте заболени од КОВИД-19 или имате сиптоми карактеристични за вирусот.

Оваа борба зависи од секој од нас. Сега, како никогаш досега, треба да покажеме одговорност. #ЗаштитиСе