Подготовките за вакцинацијата против Ковид 19
Министерството за Здравство на Р.С. Македонија врши интезивни подготовки за вакцинација на населението против Ковид 19, имунизацијата на населението ќе биде незадолжителна т.е доброволна. Според првичните подготовки имунизацијата ќе се одвива преку здравствените домови како ЈЗУа задолжени за примарна здравствена заштита на населението.
ЈЗУ Здравствен дом Тетово врши интензивни подготовки според насоките од Министерството за Здравство за непречено одвивање на процесот на имунизација од Ковид 19.
Во посета на ЈЗУ ЗД Тетово како втор најголем здравствен дом во државата што опслужува приближно 200.000 граѓани, беше екипа од AlJazeera Balkans.