АПЛИКАЦИЈА ЗА ИСКАЖУВАЊЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНОСТ ЗА ВАКЦИНАЦИЈА ПРОТИВ COVID-19
Почитувани граѓани,
пред да ја пополните апликацијата за искажување заинтересираност за вакцинација против COVID-19 ве молиме внимателно прочитајте ги следните информации:
- Вакцинирањето е доброволно и се спроведува согласно стратегијата за вакцинација на Република Северна Македонија.
- Со пополнување на формата се регистрирате за вакцинација директно во системот Мој Термин. Вашиот матичен лекар добива информација за вашата регистрација. Нема потреба дополнително да го барате или информирате дека сте се регистрирале.
- Согласно распоредот предвиден во планот за вакцинација, вашиот матичен лекар ќе ве повика и ќе ве информира за точниот датум и час кога треба да се вакцинирате на пунктот кој ќе го изберете при регистрацијата.