Вакцинација против Ковид 19 во ЈЗУ Здравствен дом Тетово

Почитувани пациенти,
На ден 30.03.2021г. во
ЈЗУ Здравствен Дом Тетово се доставени вакцини AstraZeneca од страна на Министерството за здравство кои првично ќе бидат наменети за лица над 77 годишна возраст. Вакцините ќе се доставуваат сукцесивно според бројот на пријавени пациенти од посочената категорија.
Закажувањето ќе се извршува од страна на матичните лекари, преку Мој Термин.
Вакцинирањето ќе се спроведува во Службата за вакцинација во
склоп на ЈЗУ Здравствен Дом Тетово
од 02.04.2021г.