За нас

Биографија на ЈЗУ Здравствен Дом – Тетово

ЈЗУ Здравствен дом – Тетово е основан на  2005 година со поделбата на Општата болница Тетово на Клиничка Болница Тетово и Здравствен дом Тетово, врз основа на искуствата и иницијативата на СЗО за обезбедување на интегриран пристап во здравствената заштита на населението.
Како јавно здравствена установа  ЈЗУ Здравствен дом Тетово обезбедува единство на превентивна  здравствена  заштита на населението на градот Тетово и околните општини Боговиње, Желино, Теарце, Јегуновце, Брвеница, со приближно 200000 жители.
Организацијата на работата на Домот се заснова врз начелата на достапност, рационалност и континуираност на здравствената заштита, како и на медицината базирана врз докази.

Домот на подрачјето на кое е основан обезбедува вршење на:

-итна медицинска помош со домашно лекување

-превентивна здравствена заштита на предучилишни и училишни деца до 18 годишна возраст

-превентивна стоматолошка здравствена заштита на деца

– специјалистичка биохемиска лабораторија

-итна стоматолошка помош

-поливалентна патронажа

-снабдување со лекови и помошни медицински материјали за вршење на наведените дејности во Домот и

-здравствена статистика

Основната цел на внатрешната организација е унапредување на квалитетот и ефикасноста на здравствената заштита на населението во согласност со реформските процеси во здравствениот сектор, зголемување на економичноста и ослободување на ресурсите кои може да се користат за воведување на нови форми и технологии во здравствената заштита.

Сето тоа е базирано врз  современ менаџмент (планирање, раководење и управување) комплементарен со концептот на организирање и управување во здравствениот систем на државата каде што е постигнат  степен на целосна, континуирана, квалитетна, ефикасна и рационална превентивна и консултативно-специјалистичка здравствена заштита.

Со помош на континуираната медицинска едукација и континуираниот професионален развој преку стандардите за добра медицинска практика и со воведените соодветни економски и финансиски инструменти се влијае на поголем степен на квалитетот на здравствените услуги.
Целта на новата здравствена политика е чување  и унапредување на здравјето, продолжување на траењето и подобрување на квалитетот на живеење на поединецот и на вкупната популација.