Итна медицинска помош со домашно лекување
1) Итна медицинска помош со домашно лекување
2) Ординации за здравствена заштита во трета смена, недели и празници
3) Ординации за итна стоматолошка помош
Делокруг на работа: Укажување на дијагностички и терапеутски постапки кои се неопходни за отстранување на непосредна опасност по животот и здравјето, вршење на здравствени услуги во домот на пациентот-домашно лекување, пружање на здравствена заштита во трета смена, недели и празници и укажување на итна стоматолошка помош.
Службата има за цел деноноќно згрижување на итните пациенти на повик на терен, но и во амбулантите на службата.
Службата за ЈЗУ Здравствен Дом Тетово во својата дејност ги покрива териториите на општините: Тетово, Боговиње, Желино, Брвеница, Теарце и Јегуновце, околу 200 000 жители.
Во рамките на Службата за Итна медицинска помош – Тетово работат 13 доктори и 23 медицински сестри.
Најчести прашања се поставени се:
• Дали лицето е свесно?
• Како дише? (нормално, тешко, се гуши, не дише)
• Какви симптоми чувствува.
• Дали има болки и каде?
• Кога тегобите започнале?Колку долго траа?
• На која возраст е лицето?
• Дали лицето боледува од некоја друга болест, која терапија ја примаи дали јаи ма примено?
Покрај овие основни прашања може да бидат поставени и дополнителни потпрашања.
Прашањата се поставуваат со цел да и биде пренесено на екипата на каква интервенција треба да интервенира и дали покрај стандарна медицинска опрема треба да има и посебна.
Ако повикот е примен треба да се наведе точната адреса, бројот на телефонот како би можело да се оствари контакт при потешкотии во наоѓањето на адресата. До пристигнување на екипата се постапува според советот на лекарот на телефон и се подготвува здравствената книшка и документација на болни.
Сите примени повици се предават во делот за диспонирање на повиците каде работат два диспечери кои ги предаваат на екипите според местото на настанот и која екипа е најблиску. Диспонирањето на повиците опфаќа работа со голем број на податоци или со елементите на поединечниот повик и користење на расположливите екипи на оптимален начин.
Диспечерите се медицински работници кои имаат долгогодишно искуство на терен, го познаваат градот и имаат способност за брзо користење на дадените податоци во прилог за адекватно распоредување на екипите.
Процесот на примање и предавање на повикот временски може да трае секунди до минути во зависност од пријавувачот
Медицински екипи
Медицинските екипи на терен се составени од лекар, медицинска сестра/техничар и возач.
Во текот на 24 часа, 365 дена итна медицинска помош пружаат околу тринаесет екипи на подрачјето на градот Тетово и околните општини.
Во случај на потреба бројот на екипите се зголемува. Секое санитетско возило на Службата за ИМП опремено е со стандардна медицинска опрема за итна медицинска помош.
Службата за Итна медицинска помош врши медицински транспорт на пациенти до најблиската болница според потребите и проценката на лекарот.
Медицински обезбедувања
Службата врши медицински обезбедување на собири и манифестации од различен карактер (спортски, културни, политички). Обезбедувањето се извршува по барање организаторот на манифестациите или собирите и треба да се пријави најмалку два дена пред настанот.
Единицата за домашно лекување
Домашно лекување, осигураното лице остварува кога не е неопходно болничко лекување, по препорака од лекар специјалист.