Covid 19

АПЛИКАЦИЈА ЗА ИСКАЖУВАЊЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНОСТ ЗА ВАКЦИНАЦИЈА ПРОТИВ COVID-19

Почитувани граѓани,

пред да ја пополните апликацијата за искажување заинтересираност за вакцинација против COVID-19 ве молиме внимателно прочитајте ги следните информации:
  • Вакцинирањето е доброволно и се спроведува согласно стратегијата за вакцинација на Република Северна Македонија.
  • Со пополнување на формата се регистрирате за вакцинација директно во системот Мој Термин. Вашиот матичен лекар добива информација за вашата регистрација. Нема потреба дополнително да го барате или информирате дека сте се регистрирале.
  • Согласно распоредот предвиден во планот за вакцинација, вашиот матичен лекар ќе ве повика и ќе ве информира за точниот датум и час кога треба да се вакцинирате на пунктот кој ќе го изберете при регистрацијата.

ВАКЦИНАЦИЈА


БРЗИ АНТИГЕНСКИ COVID 19 тестови

Почитувани граѓани,

Здравствен дом Тетово врши тестирање со брзи антигенски тестови за КОВИД 19, тестирањето се врши по предходен термин закажан кај Вашиот матичен лекар.

Термините започнуваат од 15 часот секој работен ден.

 


БРЗИ ТЕСТОВИ ЗА COVID 19 АНТИТЕЛА

Здравствен дом Тетово врши тестирање со брзи тестови за присуството на антитела против некој патоген на вирусот Covid-19 во крвта покажува дали личноста била изложена вирусот, тестирањето се врши по предходен термин закажан кај Вашиот матичен лекар.

Присуството на антитела против некој патоген на вирусот Covid-19 во крвта покажува дали личноста била изложена вирусот . Се мерат вредностите на антителата имуноглобин М (IgM) и имуноглобин Г (IgG).

IgM се создава во големи количини многу брзо откако лицето било изложено на вирусот, но после извесно верме неговата концентрација почнува брзо се намалува. IgG  се создава веднаш, по првата изложеност.  крвта подолг временски период.

Што значат резултатите?

IgG – (имуноглобин Г) дава информација за пациентот кој веќе бил заразен со Covid -19 колкаво количество на антитела има во организмот

IgM – (имуноглобин М) дава информација дали некое лице е или било неодамна заразено со Covid -19